Културно македонско друштво "PELLA"

Худоверникова улица 8

1000 Љубљана

SLOVENSKO

ENGLISH

slika kvarteta Pella

Фотиграфија: Милан Димкароски.

sonček

Што зборуваат за Pella...

Вокален квартет Pella

Членовите на групата Pella ги поврзува љубовта кон Македонија и нивните предци. Звучно се преплетени и проткаени со чувства на убавата стара македонска и словенечка песна. Го исповедуваат возвишеното и го доискажуваат кажаното - par excellence.

Нивниот пев е духовно богат, музички и хармонски доречен и мил. Публиката со нив се поврзува со златни конци, во кои звучните бои нè поврзуваат во едно, ја слават убавината. Осознаени сме, не сме само од овде и од сега. Со корен познат доаѓаме од минатото, запишани во историјата, културата, традицијата и во отвореното вечно сега.Кога вокалистите од групата во различни јазици и ритмови се обраќаат со богата хармонија и припадност на современиот израз во мултикултурност, го означуваат она што отсекогаш е во нас, длабоко вгнездено во секоја душа. Сите сме поврзани, сите преплетени во исто и различно и сите во едно! Трпеливост и толерантност кон другите и различните што најчесто останува како фраза, не можат да го отворат срцето така вистински и длабоко како волшебната музика на квартетот. Секој што ги слуша, посакува да се сплоти во виножитен круг од љубов, за секогаш и со секого. Само отвореното срце е богато и дарежливо. Градење на заедница со такви луѓе како членовите на Pella, кои им шепотат на слушателите, во денешно време на нарцисоидност и индивидуалност има големо и значајно послание.

Желба ми е, песната на Pella да допре до училиштата, библиотеките, до сите луѓе во Словенија и преку границите.

проф. д-р Манца Кошир


Pella

Музичката група Pella често настапува на средби во Созвучието на светот и суштествено придонесува за квалитетот на културната програма во Целица. Вокалниот квартет има посебна припадност кон традицијата. Старите песни во аранжмани на Љубен Димкароски и во интерпретација на Pella звучат многу свежо. Секогаш го извлекуваат прастарото и покрај современиот израз, нешто што во македонската традиција допира до длабочините, добро познати и вознемирливи. Не само името од старата македонска престолнина Пела, едноставните платнени облеки, каменчињата на чело, полните настапи..., така го разоткриваат длабокото, исконското, античкото. И во музиката и овде се оригинални. Облеката не е носија, наша, ваша, каменот не е дијадема што ја одредува историската хиерархија, тоа е обичен камен, што звучи само во созвучие со животот. Македонските песни се сретнуваат во едногласие или двогласие. Pella преку повеќегласното пеење, неправилните ритми, модалната хармонија, енергетските пораки, секогаш води кон исконското. Различните гласови во најниските и највисоките постапки се оддалечуваат и повторно се среќаваат. Главната мелодија на песната ја следи пораката, како водата својот тек. Во наредниот момент се воздигнува и ѕунат малечките каменчиња... на дното и на челото во созвучие вечно.

Песната народна, што ја пее Pella, македонската „Планино“ и словенечката „Ој, Божиме“ се како водата, секогаш се враќаат кон изворот, чисти и бистри!

Јанко Рожич, КУД Сестава


naslovnica knjige

На 27.maj во замокот Полхов Градец имавме промоција на кнјигата PELLA и Македониаje, писателката Метода Постолски Кошир.

Неколку зборови ѕа кнјигата:

Во трите лета и еднота зима, што Пелла ги доживеа во Македониа, беа толку снажно доживеани и се одлучивме сето тоа да го запишеме и така се роди нова книга.Метода како вешт ѕаписувач на убавото, го зеде перото во рака. Во својата содржина кнјигата има импулс на документиранје на фотографи. Текстот е двојаѕичен, словенечки и македонски. Од се то собрано се родиа 332 страници од текст и фотографии. Книгата содржи и две ЦД плочи со текстовни делови од книгата на словенечки и македонски наменето ѕа слепите и слабовидните.


Записи за книгата и PELLA:

Здраво Метода,

Тихо ми ја даде кјигата Ваша „Pella во Македонија„. Прекрасно. Со толику чиста лјубов кон Македонија и лугето во Македонија никој досега не пишувал. Се гледа дека имаш големо срце, голема љубов за се: за предметите, за појавите, за лугјето, што во данешно време е вистинска реткост. Гордост ми е да бидам сио вас и покрај Вас. Pella e целеден универзум. Покрај Вас се наогјам себеси, ја наогјам изгубената љубов во свемирот. Со еден збор: Македонија и сиот народ полн со љубов, Тио остануваат вечно благодарни. Кјигата остава траен белег за Македонија и македонизмот воопчто, кој се повекје се стеснува поради политичката дезориентација и стопанска дезориентација. Да се надеваем дека наскоро се кје се измени и дека кје тргнеме во вистински прав ес.

Важ Душко Алексовски, 03.07.2007


Импресија

Толку раскошен подарок се песните на Pella, што се разлеваат во зборови и слики. Нè водат за рака во длабочините на спознанието и со љубов и сигурност во едноставните содржини на убавата Македонија. Во пишувањето на Метода, Македонија станува центар на вселената, точка која значи сè и ништо, и едноставно е!

Благодарност кон писателката и кон Pella за текстот и за споделените импресии на нивните души!

Ана Корошец, исцелителка


slika CDjev

ЕКСТАЗА НА ЛИРСКИТЕ ФАСЦИНАЦИИ НА КОШИР

Тенденцијата за пречитување, превреднување на целата историја на модернизмот пред човека, отвора чувство за допир на бескрајноста во уметноста, во која е опфатено севкупното време на постоењето. Дали всушност тоа е допирање на „третото време“ или пак нескротливата волја на Стравински – музиката да го опфати времето и натаму сè да биде бескрајно патување по рајските патеки на модерната уметност. Впрочем, не е ли ова пат за човекот да допре и да ја разбере суштината на внатрешната интеракција. Кои се и колкави се можностите во разоткривањето на новоосознаените проблесоци на ноуменот? Каков свет разоткриваат тие? Точно ли е сознанието на Андро, кога тврди дека допирот на тој свет на Стравински инспирира музика, музика на зборот, на пределот, музика на пејсажот, говорот, музика на шумовите, на реките, говорот на планините, шумите, дрвјата, музика на музиката која фасцинантно создава музика. Чувство за бескрајно патување, постлудиум, епилог на сите истории, празник на крајот на патот пред Рајските порти!

Обземен од едно такво чувство, го читам и препрочитувам текстот на Метода Кошир „Pella и Македонија“ и размислувам за дедивинизацијата на светот како феномен на модерното време, создавање и созревање на егото што мисли или како што заклучува Хајдегер: „И така Боговите најпосле заминуваат. Празнината што настанува се исполнува со историски и психолошки проучувања на митовите. Светот да си избори место на профинација надвор од храмот, во сверата што е надвор од религијата“. Имено, човекот да се врати во сверата на сопственото верување, без кого сите ние би биле само сенка без супстанција, мислители без речник, духовни апатрици. Оттука секој систем, мисловен, творечки, семеен или институционален ако сака да преживее, мора да го најде патот кон бинарната регулација, во подруг случај тој би бил само неуспешен обид, секвенца што проблеснува и гасне. Всушност тоа не е случај со обидот на Метод Кошир, таа со својата книга да ни понуди Бодријарова разрешница: пишува строго придржувајќи се на структурата на системот заснована на две спротивставени, нееднакви страни. Страни на кои е заснован животот, неговата бинарна структура: добро – лошо, светло – темно, активно – пасивно, маж – жена, единка - целина, (доживувањата на групата „Pella“ – квартет, за време на нејзините бројни гостувања по светот и Македонија како едно битие) во кои едната бинарна страна се наоѓа на местото и моќта на владеење, а другата во немоќ и подреденост. Определбата на Кошир структурата на своето дело „Pella и Македонија“ да го базира на овој принцип, значи дека двете структури и страни се заемно зависни, меѓусебно се одредуваат и дефинираат: светлината е дефинирана во однос на темнината и обратно. Овие две спротивставени страни го одржуваат системот на кого е градена текстуалната структура, наметнувајќи посебен вид на читачка екстаза на доживување на фасцинантните, лирските доживувања на пределите, местата, настаните, инспиративните ноќи, денови, концерти, средби со луѓе со што книгата изобилува, а сепак мајсторски е сè под контрола, бинарно – закономерно, знаечки и уко презентирано.

Едноставно Кошир успева меѓу безначајното, повторувањето на исти реченици, зборови, ситуации да изгради раскажувачка мелодизација на расказот и да ја постигне крајната цел: мелодиска еднаквост на целиот свет што го допира книгата и тогаш кога зборува за возбудите, на можноста да се доживее Македонија во сите аспекти, и тогаш, кога по градовите се среќава со обични луѓе, кога разговара за банални нешта, и тогаш кога зборува за праисториските опсерватории , подоцна светилиштето на богот Дионис – Цоцев Камен, Куклица, археолошките значења на Хераклеа, ископувањата во Охрид, црквите, манастирите и сè она што ја чини Македонија како Катена Мунди, од каде поаѓаат патиштата на осознавањето, себебарањето, цивилизацијата воопшто, до денешни дни. Сè тоа Кошир го прави лесно и убедливо дури и тогаш кога зборува за смртта на Лете, за таа продуховена душа, најмакедонската пријателка на „Pella“, за нејзиното семејство, за историјата воопшто. При сè ова, со едно префинето чувство, поетско чувство Кошир не се либи во текстот да вметне чисто слики на Фелини за да ја долови суштината на ирационалната, реалност на глетката (во бинарна регулација). Кога низ прозорецот на возилото што јури, забележува куче седнато пред телевизор или просто во стилот на Жак Превер лежерно да им се препушти на настаните кои натаму од нејзиниот краток расказ ќе сочинуваат еднозвучна песна во проза, во која сите форми на метриката доаѓаат во преден план, за да го збогатат доживувањето и фасцинацијата на читателот. Со еден збор, тоа на книгата на Кошир и дава литерарна димензија со патеписни назнаки, иако по сè изгледа целта на првичната замисла и била да бележи дневничко-патеписен запис. Во тоа е и драгоценоста повеќе, во тоа е чувството дека оваа книга е поетска пулсација – чиниш трепетлика – шум развигорец во лисјето на брезата што живо треперат во зениците.

Погледнато теоретски, овој потфат на Кошир потврдува еден Борхесовски опит за потврдување на мајсторството на поетот да му се препушти на пулсирањето на сетилата и потоа да им се предаде на чувствата предизвикани од радоста на живеењето, на животото како универзална категорија во сите сегменти, видливи и невидливи, преточени во неизбришлива слика на времето во форма на запис, прифатена лирска расказност. Кошир сето тоа го чини префинето, поетски возбудливо, зрело и со поетски мир, чистота на нејзините лирски записи, во кои се чувствува говорот на тишината. Дури и тоа е знак, кој потоа ќе ја допре мислата, зашто мислата во случајот е почеток од Библиско кај Кошир значење како збор – знак - збор = мисла. Таа по зборот е прапочеток на сите понатамошни содржини! И сеедно натаму дали знакот доаѓа како збор или струеж (трепетлика) звуци, значења, спев, мелодија, слика, стих. Тој секогаш натаму, во книгата на Кошир, предизвикува чувство на доживување, поттикнува животни радости, потсетува на обични животни вредности дека сите ние сме деца на светлината, поканети на радости и водени од неа да чекориме бодро по патот до Превалецот (смртта) исполнети со сите сокови на живеењето да завлеземе во светот на тишината, во тој втор универзум како антипод на животот. Ете на тоа сето упатува Метода Кошир во својата книга „Pella и Македонија“, што вреди да се прочита и да се има при себе и при секој миг...Кога и да било!

писател Слободан Рошковски, Фебруари 2007


  • Представуванје на PELLА
  • Преглед на програмот
  • Преглед на концерти и настапи
  • Издадени плочи
  • Галерија

  • Страницава настана на 25.12.2005, последен пат обновена 09.11.2007

    Број на посети:   

    НАЗАД